премногу (прил.) - долго (прил.)

Откако и по десетина дена од него немаше ниту трага, ниту глас, почна да се шушка дека ова и за ѓаволестиот Ѓоше е премногу долго.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Премногу долго се познаваат за да не можат меѓусебно да се разберат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Премногу долго во Југославија лажната стварност ја потиснуваше реалната состојба на работите, па не е ни чудо што сега се заканува психотички расцеп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)