премногу (прил.) - очигледно (прил.)

Влакното поставено преку краевите на страниците беше премногу очигледно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност стануваше и премногу очигледно дека Грофот ми приредува изложба на експонати кои треба да го поддржат неговото тврдење дека во овој свет на недоречености сè е привид а нашата вистина за жал е само илузија или лага од која тешко ќе се извлечеш ако ја преценуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега нашето незнаење за овие потреби е премногу очигледно во многу од проектираните структури, било да се тоа проекти на станови, образовни објекти или дури и аеродроми.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можеше да го преврти говорот во вообичаена осуда на предавниците и на мислопрестапниците, но тоа ќе беше премногу очигледно; додека, пак, да измисли некаква победа на фронтот, или некаков триумф во натфрлањето на Деветтиот тригодишен план, би можело премногу да ги искомпликува документите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)