премногу (прил.) - често (прил.)

Политичката коректност премногу често е еден вид цензура.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зад овие провокации лежи една сериозна порака: човечката страст да се пронајдат апсолутните вистини, колку и да е благородна, премногу често кулминира во тиранија на умот, или уште полошо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој го заврши воведот од своето дело Who’s Who со изјавата „Водечките интелектуалци со нивните стремежи за објективност ... се криминалци, а не ослободители на човештвото“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Премногу често во животот ми беа друшки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можете навистина добро да се забавувате ако појдете таму.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, не се задржувајте премногу и не навраќајте премногу често, бидејќи наскоро забавата ќе се претвори во тортура.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури премногу често, низ нашите мигрени, чиреви и болни грчеви во мускулите, се уверуваме дека менталната болка може да доведе до телесна болест.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во деценијата откако таа за првпат се појави, приказната на Searle беше дискутирана премногу често за да може тука да се даде комплетен преглед (но погледајте Hayes и Ford, во подготовка), сепак, ние едноставно ќе укажеме дека тоа е исто така базирано на наивни и погрешни интуиции за компјутерите и програмите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Љубовта е онаа патека, низ која попуштањето води кон дисциплина; а низ дисциплина, премногу често, и кон предавство на самиот себе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мислам дека премногу често трагаш по зборови што треба да ја исмејат таа твоја вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За други теоретичари, границата е природна ако таа одделува групи од различна раса, јазик, или култура.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, „природноста“ на овие граници обично е повеќе привидна отколку стварна: зашто расните, јазичните и културните разлики премногу често се манипулирани од страна на националистичките идеологии кои сакаат да ги легитимираат веќе постојните граници преку создавање, јакнење, или истакнување на овие разлики a posteriori.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)