претпазливо (прил.) - ја (зам.)

Арсо претпазливо ја гази сенката која не се откинува од стариот како да е фатена за неговите нозе и му пречи да зачекори пошироко.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега, во едно напрегање, не можеше да ја совлада трепетливоста на зглобовите на своите остри коленца. „Шибај сам“, му рече Отец Симеон и тој сега, кога ја виде касата, претпазливо ја затвори вратата зад себе и зачекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред прагот квичеше куче. Ја позна Стрела. Претпазливо ја подотвори вратата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како желка што ја пика главата в корупка кога ќе ја чалне некој, а после претпазливо ја вади надвор, иако можеби во тој час напаѓачот стои над неа со кренат стап и чека да ја трасне по глава, така и Пискулиев, по првиот уплав, почна да поднаѕира зад рамената на другарите и да се разгледува по дворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)