притоа (прил.) - во (предл.)

Доколку овој отказ го добиеше пред Нова година, ќе го стекнеше правото на надомест до пензија, што би било некој позитивен аспект од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мозокот како и секогаш бараше добра преокупација, а притоа во мене сѐ уште стоеше долгогодишната навика секој ден да одам на работа и тоа токму таква која целосно го исцрпува телото и умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Веднаш по ова, тој добива Известие за отказ со тримесечен отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поучен од претходните случаи на вработени кои тужеа за изгубените работни места и кои добија, по што беа вра- тени на работа, но притоа во знак на одмазда им беа поставувани „невозможни“ услови и/или беа прераспределени на места надвор од местото на живеење – тој беше решен да си замине од компа- нијата, но да го побара сето она што му следуваше за последните три години (оти паричните побарувања од плата застаруваат за три години).3 За да има доволно докази, тој првин се обраќа до компанијата – со Приговор дека неправилно бил отпуштен со повредени материјали и работнички права – по што, тој добива повратно Писмо како одговор кое, пак, понатаму во парниците го приложува како доказ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто AI и когнитивната психологија се во ист чамец Се чини дека се повторуваат сомневањата дека AI и психологијата имаат многу заедничко; и всушност, имаат однос на суштинско (и притоа во пораст) взаемно помагање и збогатување.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој е додуша вечен глумец, но глумец од природа, бидејќи преправањето му е природено и дури е една од карактерните црти на состојбите на човекот. (...) Да се биде човек значи да се биде глумец, да се биде човек значи да се симулира човекот, да се однесуваш како човек, а притоа во длабочината да не бидеш тоа, значи да се рецитира човечноста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)