притоа (прил.) - постојано (прил.)

Има таква природа, па од својот проблем си прави забава. Притоа постојано уништува невини жртви.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Околу таа црвена дамка само уште денес, и можеби најдоцна до утре, ќе се збираат неизлечивите љубопитници: ќе стојат со рацете во џебовите и одвреме-навреме со малку смртна трема ќе погледнуваат угоре обидувајќи се да го измерат тој пат на ужасот од работ на терасата па сѐ до врвовите на нивните чевли, и притоа ќе се трудат да останат на разумна оддалеченост од грдите белези на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа постојано поднесуваше пред очите на заинтересираните и една вистинска бумашка потпишана божем своерачно со крвта на познатиот Кравенчук, висок офицер во приштабската единица на генерал Деникин со кого заедно, само двајцата, ја бранеле отстапницата на Белите во една безмилосна схватка со Црвените.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Притоа постојано пред очите ми беше црвената дамка на бетонот. Големата точка, како што се изрази Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Би можело до бесконечност да се продолжи со откривање на нови необичности на личноста и притоа постојано се изненадуваме, иако е многу поверојатно дека за кратко време ќе се изгуби вниманието.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)