притоа (прил.) - дека (сврз.)

Колку имам да кажувам, велеше таа, ама не знам да го напишам, додаваше, мислејќи притоа дека не умее да го состави...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓутоа, важно е што тој сепак зборува за таков процес, додавајќи притоа дека пред појавата на српската пропаганда националната свест на Македонците била разбудена „на половина”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Забораваат притоа дека хомосексуалните врски, незагадени од бладањето на религијата под нивното крзно од опосум, сѐ уште си се базираат на оние здрави основи од коишто хетеросексуалците се одвикнаа: бизнис ем плежр.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)