радосно (прил.) - рече (гл.)

Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето се насмеале кога попот им рекол дека животинчето му е како син и дека се вика Армодиј Давидовски и дека е заведен под реден број во црковната книга на родените, од татко Доситеј и од мајка Природа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Панделиј Каламарис, радосно рекол Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден ден едно од внучињата истрча од одајата на стариот и радосно рече: „Мамо, дедо ќе умре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Од кај знаеш?“ „Лицето му е расцутено“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Влези, влези! - радосно рече таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се смеел збунето шмркајќи и со кисела плунка во устата и Адам Лесновец оставајќи ја ластегарката и вадејќи го од појас чеканот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)