рано (прил.) - наутро (прил.)

Се разбира, од рано наутро до касно навечер, стоејќи на глава, си ги повторува правилата на вежбата: „Ем не ми се игра, ем дома не ми се седи“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ги носат така напрчени од рано наутро до касно навечер.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Севезден деновите минуваат во одбрана и под дожд од оган. Рано наутро во бранови долетуваат авионите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заминуваше рано наутро од хотелот, секогаш според истиот ритуал, по појадокот со тазе кроасани и бело кафе, со празното куферче се упатуваше кон мостот Сен Мишел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секоја недела, рано наутро, Хорацио се искачува на Водно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога вториот ден рано наутро возот пристигна во Париз јас во рацете го држев ливчето со адресата на семејството каде што требаше да чувам деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Изабел рано наутро се дотеруваше и излегуваше со нејзиното Рено.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ило сѐ уште спиеше, веројатно зошто си дошла рано наутро.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сликата е направена рано наутро; сонцето тукушто е изгреано; расцутените костени фрлаат сенка на патот кон полето; мајка му во едната рака држи срп, а во другата го држи Богдана за рака; таа е облечена во вет забан, ветва кошула и опинци на нозете; забрадена е со марама; лицето ѝ е предвремено овенато, ожебавено, со модри траги што времето и животот ги оставиле; очите без сјај, без радост; устата збигорена, без насмевка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Петре ќе излезеше рано наутро, уште во мугрите, се враќаше кога мракот ќе го замолчеше и изгасеше селото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Луѓето стануваа рано наутро, кога надоаѓа некоја капка повеќе, и уште в зори, почнуваа викотници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да го објаснам тој полет во движењето рано наутро, кога сѐ што шушка, капе и тренира нерви одеднаш не го есапам, како да го нема. Бог ги замеша прстите?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги поливам рано наутро, додека лубениците се ладат во коритото и му довикнувам да донесе уште мраз, зашто децата само што не стигнале.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нешто како се грижи околу децата, како ќе им кажеш и тоа, ама те чека изненадување, и, дури ги бакнуваш рано наутро за да им соопштиш дека, ете, си се заљубил, ти се врти нервозно и ти вели: „Оди бре, тато, најди си женска и нејзе гушкај ја“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се случуваше мајка ми рано наутро да влезе во татковата библиотека заедно со првите сончеви зраци, да ја угасне ламбата крај нејзиниот сопруг, заспан врз книга на која ѝ ги доверуваше соништата, односно ги примаше нејзините соништа... Така би некогаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Колку што настојуваше генерално да го согледа текот на настаните во светлината на ангажманот на Европската унија и САД, заплашена тие да не се претворат во војна како претходно во Босна, Хрватска и Косово, таа беше силно внесена и вникната во мојата судбина како човек и писател на една балканска семејна хроника во текот на XX век.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме измачуваше впечатокот дека ние, службениците, рано наутро и немаме друга грижа покрај напорот да го сотреме бурекот од нашите чинии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А нели, знаеме, братучедот Благоја божем беше исчезнал таму негде горе, во планината, и тоа уште во текот на војната (сè ова веќе е речено) а исчезнувањето на Пеперутката, се случува вчера и тоа можеби рано наутро пред да зазори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од килерот на една од дреновските куќи рано наутро двамина вооружени со автомати го разбудија партизанскиот генерал кој беше осуден поради неуспехот на борбата за заземање на Воден.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дванаесеттата бригада беше во Качаник под голем марш, рано наутро и тие двајца Климе и Паца, пристигнаа со нас во Урошевац.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Уште не беше зазорено, пак покрет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стануваш рано наутро и тоа, секако, е работа под ведро небо; гледаш како сонцето изгрева и како градот се буди, а тоа воопшто не е лошо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)