револуционерно (прил.) - движење (имн.)

Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Неговото семејство учествувало во македонското револуционерно движење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Формирањето на МРО и самостојното делување на македонските револуционери било неприфатливо за политиката на соседните држави поради што се обидувале на секој начин да го наметнат своето влијание во македонското национално револуционерно движење.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај тоа што тој обид пропадна, сепак, една година подоцна, 1925 година, во Виена, врз принципите на Мајскиот манифест, беше формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Водените преговори меѓу автономистичката ВМРО и федералистичката револуционерна организација резултирало со потпишување на Манифест до македонскиот народ (5 мај 1924).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во декември 1923 биле дефинирани основите на преговорите за обединување на силите во македонското националн ослободително и револуционерно движење и создавање единствен македонски револуционерен фронт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Македонските борци и раководители на македонското националноослободително и револуционерно движење, биле принудени да бараат и изнаоѓаат нови патишта кои ке водат кон остварување на националната идеја за национална слобода, обединување и формирање на самостојна суверена и рамноправна државно правна единица во семејството на балканските држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За таа цел во Софија во 1895 бил создаден Врховен комитет од македонски емигранти и печалбари во Бугарија кои биле под силно политичко влијание на бугарскиот двор.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За остварување на таквата идеја, беше потребно да се формира единствено раководно тело, кое ке биде одговорно за сите делови на поделената Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, идејата за обединување беше на прагот на своето остварување, откако беа изготвени Декларацијата за обединување од 29 април 1924 година, Протоколот за обединување на македонското револуционерно движење од 30 април истата година и Манифестот од 6 мај 1924 упатен до македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но, во текот на востанието се замешал и бугарскиот комитет “Единство” чија намера била, со оружена акција, да ја предизвика европската дипломатија да го реши македонското прашање во полза на Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Раководството на востанието изготвило програма на македонското национално ослободително револуционерно движење во вид на Правила односно Устав на македонскиот востанички комитет.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Меѓутоа, едно било прашањето што мислеле атентаторите и тие во Цариград, а друго што гемиџиите мислеле во Македонија и во Солун, центар на едно широко разгрането револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа се правело во рамките на познатата турска политика којашто се мачела да ја убеди Европа дека македонското револуционерно движење било поттикнато однадвор, од Бугарија, и дека не било рожба на месните општествено-економски услови и на султанскиот систем на експлоатација и терор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во рамките на познатата политика да се убеди Европа дека македонското револуционерно движење било, наводно, управено повеќе против Грција отколку против турските власти, грчката пропаганда се трудела да докаже дека Солунските атентати биле управени и против патријаршиските установи. Аргументите била измислувани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МТРК имал крајно негативно мислење за улогата на македонската емиграција во македонското револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Населувањето на македонскиот елемент во Солун не било гледано со добро око прво од грчката колонија и пропаганда, а подоцна, кога се открило дека градот бил центар на македонското револуционерно движење, и од властите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, што се однесува до ставот кон Револуционерната организација и до борбите што во тоа време се разгорувале меѓу Организацијата и врховистите, заклучиле дека, како досега, така и за натаму, нема да имаат ништо општо со врховистите, коишто во “борбата за ослободувањето на Македонија се инспирираат од бугарската влада, коишто гледаат свои цели и не испуштаат ниту еден случај да го исползуваат за државни и партиски цели секое револуционерно движење во Македонија“68.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поради тоа што составот на ЦК ги немал потребните морално-политички квалитети и не можел правилно да ги раководи ослободителните борби на македонскиот народ, не можело да се испуштат од предвид интересите на цело едно револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие всушност биле симпатизери на македонското револуционерно движење и помагајќи им на гемиџиите сметале дека ги помагаат ослободителните напори на нашиот народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Новиот Врховен комитет со сите морални и материјални сили на емиграцијата се ставал во служба на македонското револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Задграничните претставници на Македонската револуционерна организација во Бугарија Гоце Делчев и Ѓорче Петров се стремеле кон зближување и соработка со раководството на македонската емигрантска организација (Врховниот македонски комитет), со цел да биде исползувана емиграцијата како помагач на ослободителното револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Точно е дека нашето револуционерно движење, како народно, се развивало по една историски утврдена закономерност и крајна негова цел била ослободувањето на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, познато е дека рускиот цар, прогласувајќи се за пријател на христијанското население во Македонија, во исто време бил непријател на македонското револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кампањата против македонското револуционерно движење во Грција зела невидени димензии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, не долго по овој конгрес, започнале да излегуваат на површина принципиелните разлики што постоеле меѓу Македонското револуционерно движење и Врховниот комитет, а кој, со формирањето на Сарафовиот комитет, не биле и не можеле да бидат изгладени туку само привидно истиснати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грчкиот конзул, пак, кога се однесувало за македонското револуционерно движење и воопшто за било која акција што не се совпаѓало со желбите и стремежите на грчката пропаганда во Македонија, ниту можел а ниту сакал да биде објективен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знаел дека му служи на македонското револуционерно движење и на делото за ослободување на Македонија - и со тоа бил задоволен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа мешање тие го сметале, покрај другото, и како охрабрување на македонското револуционерно движење, кое, еве сега, било “виновно“ и за солунските настани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите големи сили биле категорички против нарушувањето на статус-квото во Македонија, т.е. биле против било какви посериозни промени во овој дел од Балканот и со самото тоа, повеќе или помалку, биле противници на македонското револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Контактирајки со нив, таа имала можност да се запознае со страдањата и борбата на македонскиот народ и станала голема симпатизерка на македонското револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стекнатото искуство и другите услови им овозможуваат на гемиџиите да се вклучат, на свој начин, во македонското револуционерно движење без да ги оспоруваат и подготовките за општо оружено востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)