редум (прил.) - со (предл.)

Важен е фактот оти во македонското прашање се заинтересирани етнографски, редум со Бугарите и Грците, уште и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откога се поздравија редум со мене, главните луѓе си влегоа во автомобилите и заминаа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
52. За да се поправат тие, Грците ќе треба да се откажат од својата „мегали идеја“ и да ѝ го признаат правото на постоење и на македонската народност редум со грчката во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Разни бадијалџии, редум со амали и ѓупци, и со секаков друг џган, се кикотеа одвај во неговиот врат, зашто не достасуваа да бидат високи како него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А создавањето, редум со српскиот и бугарскиот, одделен македонски литературен јазик не е ли рамносилно со одделувањето на Македонците во одделна, ни српска ни бугарска, ами македонска словенска народност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во почетокот на нивната пропаганда Србите и не мислеа да ги прават Македонците Срби; тие сакаа просто да создадат во Македонија редум со бугарските и српски интереси, така што во времето на решавањето на македонското прашање да добијат колку што се може поголем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Редум со известијата за борбата меѓу четите и Турците, во новините се печатат и известија за турските ѕверства над мирни жители.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)