релативно (прил.) - млад (прид.)

Другарот Чапаев беше релативно млад човек.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Опкружена од по некој внуци и правноци, затоа што голем дел од нејзините деца биле ќерки кои се омажиле во други места, а нејзините синови починале релативно млади.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше релативно млад човек со среден раст, црна, густа и кадрава коса.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Адвокатот беше релативно млад човек, и многу комуникативен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Релативно млад човек. Црни очи. Измазнета коса. Грижливо негувани мустаќи. Блага насмевка на лицето и во очите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го следев Сојузниот со внимание. Нешто и забележував, не да покажам сериозност, но најчесто кога сакав да ја одржам концентрацијата, запишував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот погледна врз хартијата пред себе, бездруго мојата биографија и продолжи: Вие сте релативно млад човек (тогаш 42 години), а добивате висока позиција во дипломатијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Постои набој. Имаат кик. Воопшто, на музичката сцена се појавија цел куп нови бендови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
НОРА: „String forces” се релативно млад бенд кој постои веќе три години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Јас многу преживеав. Ако сум релативно млад, досега сум вкусил многу работи – со задлабочен поглед во далечината, рече за себе Еразмо. – Но, мене ништо не ми е јасно – призна, по малку срамејќи се.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)