релативно (прил.) - поволен (прид.)

При еден конфликт на Балканскиот Полуостров, Германија, “ако воопшто земе учество“ не стоела на првата линија и според тоа би се наоѓала во релативно поволна положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така мораше да се случи и со газдата на арабаџиите и покрај релативно поволните информации што ги доби за него верскиот поглавар Афз Б од доверливи извори од старата чаршија и од оџата на најголемата џамија во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)