релативно (прил.) - лесно (прил.)

Обично, почетна основа е хемиската супстанца РМК.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се прави релативно лесно, но тешко е да Маргина 37 157 се синтетизира во квантитет а притоа квалитетот да остане конзистентен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па дури и оној Панајот ефенди поверувал во нивната верзија и не презел ништо посериозно што би можело релативно лесно да го доведе до откривање на вистината.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Аналогно на тоа, релативно лесно е да се предочи еден свет со еднаква плата за еднаква работа, со подеднакво споделени домашни одговорности, со исто толку жени колку и мажи во позиција на моќ, и др., и да се согледаат присутните нееднаквости како неподносливи за нашироко споделените интуиции за тоа што е право и правда.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
До завршувањето на судењето на останатите живи атентатори, тој можел релативно лесно да го оправдува држењето во затворот на голем број луѓе, и тоа го правел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во попримитивните времиња, кога праведното и мирољубиво општество беше практично невозможно, во оваа идеја беше релативно лесно да се верува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Александар со горчина констатираше дека неговиот татко е типичен пример за тоа како режимот на Стојан релативно лесно ги решава проблемите со своите противници...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)