речиси (прил.) - никој (зам.)

На зарамнетото расте трева и речиси никој не си споменува дека некогаш тука имало споменик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа е единственото место во кое речиси никој ништо не работи, а кафаните се препуни во текот на денот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој беше едно темно, нечисто, бедно место во кое речиси никој немаше доволно да јаде и во кое стотици и илјадници сиромашни луѓе немаа чевли на нозете и покрив над главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покрај машинската прецизност, операцијата имаше извесна доза на неформалност: речиси никој не носеше капа, полковници и мајори застануваа да си помуабетат со санитарците.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
1. За скицирањето на денешните работнички проблеми Tuta est custodia, quae sibimet creditur. Најдобар чувар е оној кој сам си ја чува сопствената ствар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како своевидно резиме, по вака спроведената студија, а врз основа на презентираните искуства на дел од македонските работници кои, во годините наназад, се одважија да водат работни спорови против своите работодавачи – можеме да ги нотираме следниве присутни проблеми, на чие отклонување активистите на ДСП „Ленка“ имаат намера поинтензивно да работат во периодот кој следи: 1) Недоволно познавање на работничките права Особено зачудува, а на моменти иритира и обескуражува, евидентната незаинтересираност на работниците за осознавањето, макар и на основните права од работен однос, а камоли пак за запознавањето со начините на нивна заштита и унапредување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Речиси никој не ја делеше нејзината пасија, поконкретно, опсесивност со точноста, бидејќи времето го сметаше за нешто што ѝ причинува најголема тегоба доколку пропуштеше некој интервал или имаше некоја важна секвенца во која таа не беше директно инволвирана.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ги делеше луѓето И најчесто на самата невидлива граница, која беше означена некаде на дното на езерото, кога минуваше чун се создаваше силен вител кој го одвлекуваше чунот во длабините и речиси никој не преживуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Целата таа вечер па и утредента и прекутредента речиси никој ни збор не чу од Брчалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, на тоа речиси никој не обрнува внимание.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Лаковите на подножјето успешно ги прицврстивме, четирите носечки столба се кренаа речиси исправено, а потоа се споија во еден единствен носечки столб кој стануваше сѐ потенок и потенок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој, или речиси никој, не веруваше дека кулата некогаш ќе биде завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега речиси никој не се јавува, и ноќната калакурница во нашата гајба, полека се претвори во пријатно катче декорирано со непријатна брмчиуши тишина.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)