речиси (прил.) - сѐ (зам.)

Речиси сѐ што направиле - офарбале ко кремпита една стара градска куќа. И со тоа се фалат!?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Денес речиси сѐ си е на своето место.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Засега, тоа е сѐ. Речиси сѐ е готово...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ја одминав црквата и се упатив кон постројките на „Халите“, во кои имаше ретки минувачи, а речиси сѐ беше на затворање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со текот на времето старото градско население, особено жителите што беа под ударот на „класната борба” и на кои речиси сѐ им беше одземено од новата власт, први се спријателија со козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Интелектуално, во тебе е речиси сѐ во ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)