речиси (прил.) - безгласен (прид.)

Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иронично, она што ја поткрепува позицијата на Дерида, е фактот дека самото попречување на желбата е неопходен услов за самата желба да се развие, оној секогаш речиси безгласен близнак кој ја придружува емоцијата, како што го дефинираме и, според тоа, невозможната присутност извитоперено се пројавува/прикрива самата себеси во аргументот на Дерида.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)