речиси (прил.) - видлив (прид.)

Таа си посакуваше да се вратат преку грани­цата, блиску до своите, во нивната куќа, во нејзината гради­на, речиси видливи од оваа страна, кога времето беше уба­во и јасно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше речиси видлива таа молчелива игра со темнинката, што се згуснуваше и остануваше да лебди постојано на истата граница, до која што излегуваа и волците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)