речиси (прил.) - вертикално (прил.)

Сртот свршуваше речиси вертикално над него и тој не можеше да ги чека да додојдат до крајот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На спротивниот брег, од длабочината на шумата што испарува по дождот, се пробива, речиси вертикално кон небото, јато чиј што крик заечи и згасна низ маглите, пред вознемирените погледи на луѓето и коњите од оваа страна, и самите потопени во белузникавата воздишка на прехранетата почва,безимени припадници на дивата кентаурска хорда што бесцелно талка пред срдбата на Господарот на подземјата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)