речиси (прил.) - засекогаш (прил.)

Тој, не само поради своите поодминати години туку и поради некои други причини кои речиси засекогаш ни останаа непознати, како да сакаше несетено и засекогаш да нѐ одврати од мислата за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разделивме како стари другари со кои со години се разбиравме низ шифри, без да сме се гледале, разделени речиси засекогаш...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорот Душан Симеуновиќ, тогашен началник на Шестата управа, одличен познавач на арапскиот јазик, но и на палестинското прашање, не штедеше убави зборови за мојата работа, дури ме замоли на крајот да му дозволам телеграмите од моите разговори со Јасер Арафат кои ги сметаше за значајни за проучување на палестинското движење да ги користи за своите студии кои ги објавуваше во тогашна Меѓународна политика.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првите никулци на јаничаризмот можеа да се најдат во македонската фаланга, потоа во преторијанската гарда на римската империја, кај елитните стрелци на Руската империја, кај египетски Мамлуци Императорите имаа доверба во одбранбените елити на своите гарди кај кои беше тотално збришан првичниот идентитет, речиси засекогаш најдени во тотална амнезија во однос на своите блиски, на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)