речиси (прил.) - несвесно (прил.)

Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мајка речиси несвесно, несетум ја симна врската клучови од вратот, држејќи го во едното крило своето најмало чедо во студената ноќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го прелистуваше речиси несвесно, небаре од него изле­гуваше самото време, времето на нејзината незаборав­на италијанска пролет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние, децата, тајум верувавме во сите Мајкини чудесија чудесии кои ја поврзуваа како што разбравме подоцна со Бога во тешките и пресудни мигови на семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, еден ден, барајќи го каталогот, интуитивно и речиси несвесно го отвори дуплото дно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мислите повторно му залутаа. Речиси несвесно, напиша со прстот на прашливата маса: 2 + 2 = 5
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)