речиси (прил.) - нечујно (прил.)

Со благо допрени дланки на завесата, гледајќи кон улицата, зборуваше тивко, речиси нечујно: „Сакав да бидам некаде, да отпатувам во свет во кој ќе бидам сама со себе, сама во себе. Тоа сакање сега е попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само ги затвора очите. Воздивнува, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа не е сѐ. Зад колата чекори третата судбина: ситнолико дете со суви усни и влажни образи; тоа се држи со двете раце за решетките и тивко, ретко, речиси нечујно липа низ раширените ноздри; погледот на влажните детски очи не се одлепува од кучето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот „Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Најчесто, кога Татко ја напушташе библиотеката, таа влегуваше речиси нечујно за да го присобере правот, да ги проветри книгите со свежината што продираше од реката, преку отворените прозорци на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)