речиси (прил.) - никогаш (прил.)

Во куќите во Козар маало во многудетните семејства можеше да има дури и три, четири, пет кози, но речиси никогаш и прч.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова што го пишувам е по кажувањето на мајка ми оти татко ми речиси никогаш не беше дома за да го прашувам!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Речиси никогаш не плачеа ниту за време, ниту по ќотекот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Токму овие грешки (во некои случаи многу свесни модификации, на пример нејасното и нагло зумирање во Девојките од Челзи) најдирек­тно се соочуваат со материјалноста на медиумот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сличен пристап има и Годар, само што кај него оваа постапка, како и сите други, е строго контролирана, целно авторска, и речиси никогаш, дури и кога импровизира, не е препуштена на случајот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мојот впечаток по читањето на “Барикадите” е воскреснување на автентичната граѓанска критика, која во Хрватска не се загуби, бидејќи речиси никогаш и не постоела.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Татко речиси никогаш не ја вовлекуваше Мајка во судиските работи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Досега, речиси никогаш се немаше случено Мајка толку едноставно, со два-три збора, да го симне од тврдината на неговите соништа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа речиси никогаш не зборуваше за своето враќање од родната земја во 1973 година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ретко се случуваше да го дополнува Татко, речиси никогаш, но сепак таа рече: - Душата, е синко, самото верување!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејки Даниел речиси никогаш не се посомнева дека некој ја одгатнал неговата тајна, никогаш не му падна на ум да погледне во очите на татко му за да открие каков и да било знак.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова се очигледни прашања, но речиси никогаш не се поставуваат.180 Несомнено, врашки е тешко да се одговорат, особено ако се посегнува по некоја готова теорија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие речиси никогаш не грешат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сем Хант ти одбива по еден Џеб за секоја грешка, и така ти се насобира.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сем Хант вози еден малечок скутер на работа. Го имам видено од автобус.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постмодерно е збор што никогаш не сум го напишал, модерно исто така речиси никогаш.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Синовите и ќерките, убаво ја насетуваа тивката, внатрешна битка на заминувањето или останувањето меѓу дедо и баба и речиси никогаш во мирните времиња не заземаа ничија страна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во распоредот на неговите книги можеа да се наслутат патиштата кои ми ги беше одредил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но младоста на секого има свои импулси кои речиси никогаш не можат да се диригираат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Твојата работа почнуваше во 7 часот наутро. Речиси никогаш не доцнеше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во ова време речиси никогаш не одеше дома, освен во исклучителни пригоди.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но речиси никогаш не ја известуваше за своите намери, за своите ненадејни патувања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка речиси никогаш не била во средиштето на нарушената тишина во семејството, секогаш беше некако скраја, да нè подзадржи на работ од животот, да нè понесе, а сега таа сакаше да замине сама преку границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Речиси никогаш не се жалеше пред децата за својата осама. Напротив, велеше, куќата ми е полна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка и Татко речиси никогаш не си префрлаа за нечие отсуство или за некој погрешен чекор во пресудните денови за семејството, во војните, во преселбите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој добро ги разбираше пораките на жена си и затоа речиси никогаш не отстапуваше од правилото да каже каде оди или каде свратува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А немаше ништо понепостојано, понејасно, позагадочно, подвосмислено од напишаната балканска историја, величана секогаш од новите пишувачи - победници, кои речиси никогаш не се надоврзуваа на претходните, туку секогаш почнуваа одново.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Станува значи збор за вода која речиси никогаш не е доволно длабока, но и во неа многумина потонале а без да дознаат дека тоа се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не смеам, најпосле, да ја испуштам од оваа листа и маратонската седумнаесетгодишна кореспонденција помеѓу Оноре де Балзак (Honore de Balzac) и убавата полска грофица Евелина Ханска (Ewelina Hanska), која, по неколкуте негови безуспешни обиди да ја ожени, решила да стане госпоѓа де Балзак дури четири месеци пред смртта на славниот писател; најискрено: откако пред многу години прочитав само дел од писмата што Балзак $ ги испраќал на госпоѓа Ханска (и тоа во енормни количества), затрупувајќи ја со информации за луѓето со кои се гледал, за својата облека, за долговите што треба да ги плати и (одвреме-навреме) за книгите што ги пишува... не можам да ѝ се изначудам на кутрата жена! ***
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Стариот циник и среќно оженет женомразец Џорџ Бернард Шо (Georg Bernard Shaw) секојдневно се допишувал (и тоа со години!) со убавата госпоѓа Патрик Кембел (Patrick Cambell), една од најголемите актерки на своето време; дури и се карал со неа (во епистоларна форма!) за различни работи, главно за постановките на неговите пиеси, но речиси никогаш не се гледале, иако дури и живееле во близина; од нивните писма (стотици, можеби и илјадници на број!) подоцна е составена прочуената епистоларна комедија со луциден наслов Драг мој лажго, позајмен од едно од нејзините врцкави писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не е нервозна како тетка Ане, или понекогаш како што е мајка ми и речиси никогаш не го крева гласот кога ќе ја налутиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)