речиси (прил.) - редовно (прил.)

Во меѓувреме Алегра со мајка ѝ ја посетуваа Бенвениста, а во раните квечерини речиси редовно свраќаше и во дуќанот на вереникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Касабите и паланките, забележа Камилски, најчесто, речиси редовно, се поделени на маала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како резултат на лошиот раководен процес и лошото планирање, често и речиси редовно се случуваше да се остане и по неколку часа повеќе од полното работното време, а за ова прекувремено работење работниците воопшто не беа платени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зборот маало, мало (со потекло од арапското mahalle), ќе биде забележан како една од најраспространетите и најрано запишани заемки, која се употребува и во денешни дни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секогаш насмеана, речиси редовно се појавуваше на страничките на публикациите на Секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но, во лошите – по осамостојувањето и промените во сферата економијата, атмосферата значително се влоши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Е, колкупати сум ги видела од прикрајок.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)