речиси (прил.) - секогаш (прил.)

Патот нѐ водеше сѐ по текот на реката Урт и можеби затоа што овде речиси секогаш дните се врнежливи, природата беше многу раскошна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Диселдорф купувала стари алишта, телевизори и друго и речиси секогаш успевала да ја мине границата а да не биде забележана од цариниците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ТЕРЕЗИН ДНЕВНАТА СВЕТЛИНА НА ИСТОРИЈАТА Уште пред да дојдеме овде знаевме дека минатото е такво какво што било а иднината треба да се оттргне од канџите на опасноста Среде полјаната на скршени крилја студеше јасникот како прекор од минатото како во некоја од песните на Бертолд Брехт Тука спомените имаат тапија на неизбришливост - запишани се во погледите на жртвите и се читаат без ламба, на дневната светлина на историјата При раноутринското триење на очите некои спомени стануваат музикални како вечниот шумол на јасиките крај Лаба Се навиткуваат во мислите музичките кутии од детството преполнети со нечујна музика Натежнува тишината понекогаш како прв поглед на вљубените понекогаш како проштална воздишка во темнината Тишината речиси секогаш е стартна линија на враќањето во себе обележена со ронки горчина и надеж, надеж.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Локализацијата на раскажувањето во делата на овие писатели речиси секогаш е постигната со традиционален опис, но градот влијае врз определувањето и распоредот на карактерите, врз развојот на сижето и смислата на заплетот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
По 1600-та доминира манија, иако речиси секогаш се чувствува “студенилото” на аристотеловското “правење”, на она fabbri- care.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И речиси секогаш, по прелетувањето на жеравите кон југ, доаѓаше студ, паѓаше снег.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овие слики речиси секогаш се во живи бои, коишто се опишуваат како богати, брилијантни, треперливи, светкави или натприродни - и коишто со својата убавина го надминуваат сето она што личноста го видела пред тоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не, не ти се лутам тебе туку на судбината која секогаш наоѓа начин да ја спростре сенката на неизвесноста над она што ќе посакам да го допрам за да проверам колку е мое!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред малку на пример помислив дека од прозорецот под Сина Скала, на височинката пред нас, моето наближување кон куќата никогаш повеќе нема да го следи мирниот речиси секогаш вкоченет поглед на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во мојот живот, речиси секогаш, некое делче од вистината, што најмногу сум ја посакувала, останувала скриена. Ме изморија таквите игри!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на тој поглед, токму јас, (барем така мислев до овој момент), му помагав да се движи, да скита кон неразоткриените далечини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му зборувам ете така, прилично горчливо, но без лутина во гласот, а тој ме гледа како првпат да го видел моето лице. И не е многу е среќен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луѓето тешко умеат да простат, а речиси секогаш очекуваат прочка од другите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој сон, е речиси секогаш ист.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од деталите речиси секогаш извлекуваше правилни заклучоци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас речиси секогаш бев сам откога нè разделија со Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нејзините штикли одѕвонуваа на белиот мермер во ритамот на гордоста која неминовно, речиси секогаш си оди рака под рака со убавината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Проловите беа речиси секогаш во право кога предупредуваа на вакво нешто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во следниот момент тој се превитка од жестоко кашлање кое речиси секогаш го напаѓаше набргу по будењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се учиме, но уката речиси секогаш, како што гледаме, доаѓа доцна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Најчесто, речиси секогаш неповратна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, во животот речиси секогаш, пред нас или зад нас, тоа дури не е ни битно, како недотепан пес се влечка проклетата и неуништива изненада!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури и своите најголеми потреби тој ги преобратува во ситни пријатни услуги што речиси секогаш се условени со меѓусебна корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, можел да промолви и некоја неизречена докрај благодарност; дека например, тој не ги заборава и ваквите услуги на своите пријатели, па и тогаш кога тие и не се ништо друго туку едно големо задоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- „Сигурни ли сме дека нама да зажалиме еден ден за изборите што сме ги направиле во животот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А речиси секогаш по силата на инерција се сопнуваме на прав пат!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И речиси секогаш сме на расчекор помеѓу тоа да се следи судбината или да креираме сопствена судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вешто едрење низ животот со насмевка која сѐ уште ми лебди на усните, полна со немир да го дознаам крајот на мојата приказна, но има уште многу што да се проживее пред да знам каков ќе биде крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И секогаш има некој кој иронично и луцидно ќе ни каже повеќе среќа следниот пат!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да се постигне процут во духовна и физичка смисла и речиси совршена анатомија на личноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Дали добрите луѓе прават лоши животни избори?“ Речиси секогаш!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но само така знаев дека тоа сум јас, јас која грешам и ги исправам грешките, јас која простувам, јас која сакам и се обидувам речиси секогаш да ја кажувам вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јавниот простор обично се дефинира како место (или простор) создаден и одржуван од јавен орган и достапен за сите граѓани за нивна употреба и уживање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од најраното значење на поимот кое датира од античка Грција, јавниот простор речиси секогаш е урбан простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сакаат самостојно да се пробиваат низ животот, и во тоа речиси секогаш ги следи среќа. Друго што?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)