речиси (прил.) - секојдневно (прил.)

И покрај преземените мерки на безбедност во терористички атентат во неговата резиденција мистериозно згина еден од најблиските пријатели на Арафат, водачот на военото движење Абу Џихад Арафат речиси секојдневно го менуваше своето живеалиште.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Регулатор на нејзината тежина најверојатно беше рибата која речиси секојдневно беше застапена во нејзината исхрана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отровните стрели на Ружа ја боцкаа Рада речиси секојдневно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо речиси секојдневно седеше крај креветот, држејќи ја за рака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)