речиси (прил.) - сосем (прил.)

И луѓето под небото се во голема мера исти - насекаде, низ целиот свет стотици илјади милиони токму вакви луѓе, кои не знаат за постоењето на другите, одделени едни од други со ѕидови на омраза и на лаги; а сепак речиси сосем исти - луѓе кои никогаш не научиле да мислат, но кои натрупуваат сила во своите срца, утроби и мускули, со која еден ден ќе го превртат светот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Главоболките речиси сосем исчезнуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изненадувачки е впечатокот од тоа колку убаво е решен системот за наводнување: тука речиси сосем е избегната човечката рака.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некои од нив речиси сосем ќе ги истуткаа и ги фрлаа, а други ги кинеа на сосем мали парченца. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потоа, со движење што беше речиси сосем несвесно, ја туткаше оригиналната порака и секоја белешка што тој самиот ја направил и ги фрлаше во дупката за сеќавањето, за да бидат уништени од пламенот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)