речиси (прил.) - целосно (прил.)

ЗОО речиси целосно им е „посветен“ на животните: во рамките на неговата колажна сценографија се појавуваат на пр. логоа на фирми што употребуваат животни (Камел, Самсон), видеоснимки и филмови за животни, цела митологија врзана за нив (Леда и Лебедот), а најмногу нивното физичко распаѓање (додека во ДАВЕЊЕТО ПО БРОЕВИ се појавуваат убиени животни).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јазикот уште во самото раѓање на човекот е речиси целосно развиен, само тој постепено настапува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во правецот кој тој најверојатно го посочувал пред да биде соборен (по ридот нагоре, малку на лево) имаше само букова шума, и тоа речиси целосно уништена од минатогодишните летни пожари.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
“ Со што мора да сум искажал не вчудоневиденост од сексуалната ориентација на новиов пријател, која веќе, на мое целосно задоволство, ја имав утврдено, туку сум го искажал наеднаш сменетото чувство за неговото стојалиште во геј-милјето, како во некаков чуден базен каде што оние чинови на возрасен секс во каков што намерававме да се впуштиме се одвиваа на плиткиот крај, без многу опасност дека, од сите положби што ќе ги заземеме, нема да можеме за час да си го вратиме тлото под нозете, додека детските работи како што е слушањето бродвејски албуми... изискуваа од него да се предаде на речиси целосно нурнување во нешто за што мојот прв фобичен изблик потврдуваше дека е прилично длабочко. (22) ‌Бидејќи упатува на едно обликувачко, изолирачко искуство на несподелива сентименталност, настраната привлечност на бродвејскиот мјузикл – која го враќа геј-субјектот во неговото претсексуално, но екстатично уживање во „детските ствари“ и во сите тие срамни, незгодни емотивни премрежиња на самотното детство – им е многу потежок, многу погорлив залак на геј-мажите од возрасните задоволства на геј-сексот кои го потврдуваат идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Него, потоа судбината го одведе кон Франција, каде што преживува со своето семејство и е еден од малобројните преживеани на сефардскиот солунски универзум кој страдаше речиси целосно во времето на фашизмот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тунискиот протокол речиси целосно почиваше врз францускиот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
IV Пред мојата прва дипломатска мисија како амбасадор на Југославија: често се прашував кои беа моите заслуги да се најдам на висок пост на државата Југославија, која во три четвртини на XX век (1941-1981), од антифашистичкиот отпор на Јосип Броз Тито, неговото спротивставување на Сталин, создавањето на најдолговечната федерација на Балканот (и покрај с), создавањето на движењето на неврзаните, варијанта на утопискиот, самоуправен социјализам, со речиси целосно отворени граници, играше значајна улога во Европа и светот, и покрај робувањето на националистичките хиерархиски противречности, неподготвеноста кон среќна транзиција на своите вредности кон мултипартиска и конфедеративна разрешница?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Горниот дел речиси целосно ја покриваше и таа едвај ѕиркаше низ отворот за главата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сѐ е сконцетрирано, според него, во сознанието и продолжува уште два или три месеци... некојпат дури и половина година...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Има, например, овде еден таков кој речиси целосно се распадна, но еднаш за некои шест недели тој сѐ уште ќе каже еден збор, секако бесмислен, за некаков си бобок: “Бобок, бобок” - но и во него значи, животот тлее како невидлива искра...“ okno.mk 157
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој успева да му одолее на медискиот диктат и продолжува и натаму да пишува, речиси целосно, единствено раскази.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)