речиси (прил.) - и (сврз.)

Меѓу другото и затоа што цивилизациски и културно (и психолошки!) демократски ориентирани кадри ние речиси и немаме; идеолошки неконтаминираните стручњаци што можеа да станат потпорни столбови на еден нов демократски (децентралистички!) државен концепт во голема мера избегаа (и сѐ уште бегаат!) вон земјава, оставајќи им на старите моќни патријархалци да го поделат тој беден колач (и онака речиси изгрицкан, она што фактички имаме се долгови!) главно меѓу оние што тие ги избрале за наследници, и тоа според добро познатите критериуми на тн. негативна селекција што подразбира послушност, пред сѐ, а потоа и непотизам, корупција итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко ноќта пред големиот ден речиси и не заспа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настаните што ги пренесуваше Душка, до степен на вриење ја зголемуваа нејзината возбуда, па речиси и влета во прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Капавица напладне прокапуваше одвај само од оние страни на куќите во кои речиси и дење и ноќе гореше оган.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или помеѓу зборовите на вака скудно изразеното незадоволство поради необмисленото однесување сепак беше содржана и премолчаната благодарност за љубовта што и ја беше понудил непознатиот војник на бел коњ, и убавите денови што можеби ги имаше поминато со него (за кои никогаш не беше спремна да раскажува); да не ја забораваме притоа и разочараноста која иако не беше најдитректно искажана веројатно навраќала во нејзините размисли шепотејќи и грдо и неутешно дека замаеноста од лудата среќа за жал премногу кусо трае?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе не го гледаа во главата. Само го одминуваа. Речиси и го заборавија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И дека, за жал, животот секогаш е среден така што условите за згрешување речиси и не сме во состојба да ги избегнеме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)