речиси (прил.) - ќе (чест.)

Но сега од овој балкански кафез тешко можеше да се излезе, можеше човек само да се префрли во друг кафез, а тоа речиси ќе беше исто како во овој кафез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Господи, кога сиот ваш пат до Костурницата ми прошета низ главата речиси ќе фркнев од болка, а потоа, онака малаксана и изморена и немав што друго да сторам па отидов до иконата и се прекрстив. Веројатно од благодарност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одев, влегов во скрипториумот и речиси ќе снеможев кога видов: на масата за препишување, точно крај неговата лева рака, стоеше негибната, ниту начадена дури – штичката што говори, а што пред малку ја спаливме ние, безумните браќа и ближни негови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Се загледа во фотографијата, се растажи, речиси ќе се расплачеше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Наскоро, нашите животи внатре електронските мрежи ќе бидат толку збиени, згуснати, ќе се одвиваат низ толку многу канали на брзи информации, што речиси ќе биде бесмислено да се зборува за диференцирано “Јас”.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Знаев дека таков нарцисоиден Егоманијак нема шанси да се самоубие, иако на моменти паднав толку во искушение, па речиси ќе си направев грев на душата, па ќе посакав вистински да го стори тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кафето речиси ќе му испаднеше од рацете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)