само (прил.) - пие (гл.)

Јас само пиев; не пеев и не играв; не учествував во таа простачка оргија на Фискултурецот, оти го мразев (и ден-денес се прашувам дали тој навистина толку лошо пееше, или пак јас, затоа што ја сакав Луција почнав пониаку да гледам на него).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Офицерите само пијат и играат карти. Некој се толку пијани, што под стража водат соиграчи за карти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ВЕЛИКА И така: само за војната зборува и само пие. И паѓа, се губи човекот. И мене - да ме ненавиди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само пијат, само тепаат и само тргаат цигари. Се расфрлаат со сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дај ракија, вели, каде е ракијата, да се соберам. Ја наоѓа ракијата и само пие, треска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)