само (прил.) - слуша (гл.)

Никој ништо не рече, само слушаа мртви сериозни и понекогаш мрдаа со главите, и тоа не озгора надолу, туку од лево надесно. Тоа е во Маказар потврдување, а климањето горе-долу, е одречување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да му се обраќаш на туѓинец што случајно се нашол во собата, и само слушаш како повторува: „Чорт јево! Чорт јево“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И само слушаш: леле, леле, леле - се надаваат гласови, не запира овкањето на крвта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трбат ангелските трби најавувајќи огнови, скрб и студ. Страшниот суд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога двајцата зографи ќе побараат нараторот- поет да им ги ископа очите („за да не гледаме што уште ќе се случува“) јасно е дека авторот нѐ воведува во едно апокалиптичко финале: „Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трубат ангелските труби најавувајќи огнови, скрб и студ.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што се однесува до средбата со Зрновски, останав со впечаток дека не дошол со пораките на надежта туку за да го оправда присуството на Јана во канцеларијата на Непознатиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само слушав. Слушав и не можев да се начудам тетка Боса каде заскитала да бара патни документи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)