само (прил.) - трча (гл.)

Пред малку само трчавме еден кон друг: и од едната страна има наши луѓе и од другата страна има наши луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А низ село, кокошки разбегуваат околу мене, подлетнуваат, кракаат и пердуви им се креваат наугоре и прав се крева наугоре, а јас само трчам и пак си мислам дека соништата не кажуваат ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Времето само бега, а јас само трчам, трчам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас, пак, му викам, а тој само трча, наближува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
МАНЕ: Да ти ебам бејзболот. Само трчаат.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Легни, Витомире, му се одѕивам, легни! Витомир само трча, не ме слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)