само (прил.) - глас (имн.)

Само гласот не му се менеше: „Другпат не трескај сешто. Мразам да се бијам.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Не разбрав, - рече Барбут- бег. – Со што ќе ни платите, почитувани муштерии?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ни небо ни галица – само глас од далеку што иде И стеблото што го ниша и тие под стеблото сами - Амин.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Везден молчи, сепак само глас да крене – лисец ќе се стресе волк ќе фати џенем.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас сум само глас. - Магарешки, - го дополни гровтањето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И тие, заборавајќи ме, продолжија да се караат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)