само (прил.) - име (имн.)

Шефот не можеше да се воздржи: – Се разбира, козите имаат само имиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Остана само името на љубената на првата страница на Климентовата дисертација, на која авторот ѝ се заблагодарува за извршената лектура на францускиот текст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не ретко таквите мината имаат само име на определеност и многупати повторувана формула на завет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во сето тоа јачење го разбра само името на своето дете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа беа само имиња на цркви. На сите лондонски цркви, односно, на сите главни цркви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некој од нас рече: – Нашите кози имаат само имиња!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само името не ти го знам. Како се викаш? - Златко, - одговори детето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)