само (прил.) - сон (имн.)

- Леле, зарем тој знае! Од кого ли разбрал? Не, не може да е вистина, ова е само сон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште еднаш, барем уште еднаш, зошто времето застана за миг... зошто сето ова е само СОН....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Било ставено за да го сочува само сонот дека сѐ уште може да се продолжи да се оди, но и за да утепа токму со тоа, за да увисне, или барем да натера на папсување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но смислата на овие нејзини зборови Соколе треба да ја сфаќа веќе буден, зашто таа му мина во тој миг како проѕирна измаглица меѓу лозите, тој сега ги гледа пред себе само мирните зелени лози и гледа дека сето ова што го доживеа било само сон.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги прими пакетите и, колку и нетрпеливо да ги очекуваше, сепак отиде прво да прилегне, при што речиси веднаш зајде во тврд сон, но по нецели петнаесетина минути на сон му се чу како ѕвончето на влезната врата ѕвони со некоја несфатлива алармантност, па се разбуди целиот испотен, недоспан и до преплашеност изненаден дека ѕвонењето на ѕвончето на влезната врата било само сон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се трудам да се движам низ реалноста. Исклучок од ова правило се само соништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)