само (прил.) - со (предл.)

Во грчкото писмо, системот на означување на бројните вредности можел да настане само со појавата на дополнителни знаци и со доведување на бројот на знаците до 27, т.е. до неопходниот и достатен број за означување на единици, десетки и стотки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, мошне мала е веројатноста ваквиот систем за означување на бројните вредности да настане во архаичното грчко писмо со неговите 23 симболи, коешто поради малубројноста на своите симболи не е доволно за одразување на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чанга го имаше на ум татковото кажување дека сите империи на Балканот, од римската, преку византиската и отоманската, се одржале со векови на власт само со неколку основни итрини, вешто возобновувани: „Првин раздели, па владеј!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Десно од раката ставена на маса, беше филџанот кафе, сега празен, оставен само со црниот талог внатре.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи им свртело грб на сите, чувствувајќи дека и сите нему му го свртеле грбот, а се окупирани само со меѓусебните конфликти.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вокменот го руши контекстот на постоечката текстура на градот и ја провоцира логиката на урбаното, бидејќи градските планери досега по правило се занимаваа само со просторните димензии на соѕиданото, занемарувајќи го акустичниот аспект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Скопскиот производител се покажа само со два свои производи: трпезариска маса со столови, во стил, и со една дневна соба, наменета за самци и за хотелски објекти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако не ги видев Ардените, Белгија сигурно ќе ја напуштев со мислата дека тоа е рамничарска земја, која е ишарана само со ливади и во која гледав како на нив пасат сортни крави.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во рака имаше една изветвена црна дамска чанта, полна само со документи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека „трчавме“ низ Версај, подолго останавме во оној салон каде што е потпишан Версајскиот мир и каде што на парче зелена масае скроена судбината на македонскот народ, каде што версајските „миротворци“ Македонија ја парчоса на три дела и им ја дадоа на три балкански држави како да сакаа само со потписи да го збришат постоењето на еден цел народ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Имате некоја чета само со манлихери наоружана?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму навреме се намести на чукана!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И доколку само со едно и единствено вдишување Буда или Александар Македонски, Исус или апостол Павле, Цезар и Антонио внесувале во себеси над дваесет милијарди атоми - тоа истите тие, и невидливи и вечни - денес ги вдишуваме и ние.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Си се удрил во тилот и може да стане потрес на мозокот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас ти посакувам само со олку да поминеш, ама сфати сериозно и оди право дома да легнеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Убавината само со убавина се разбира. Помни и врати, пак со убавина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Има школки на кои им прилега да бидат вкотвени во вековите, вели уште неродената Венера потсмевајќи им се на баналностите на мултилингвалните туристички водичи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот вчудоневиден дека баш на врв свет мртвото е живо како животинките во цртаните филмови: знае дека во сите докторски книги пишува дека луѓето во чија крв има помалку од 6 единици концентрација на кислород веќе кинисале на оној свет ама од врв свет се слегува прудолу, спокојно и со уморна насмевка, се слегува директно во светот на чудата само со 2,8 до 3,2 единици кислород во крвта.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но Аце на 28 години имал поголеми мадиња за разлика од сите овие педесетгодишни давајгазовци кои во своите битки можат да се пофалат само со разранети колена и згрбавен рбет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сранко вриеше од нервоза и му доаѓаше да му ја учука, но Жанко беше габаритен па сѐ се заврши само со рафален дожд од Серовската уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А идната година, уште во почетокот на март, го даде на хемиско чистење. Палтото пак светна, стана како ново.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Павле ни малу не се растревожи. Му се изнаноси на палтото. Целото лето само со него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Аман, само со дикат да не се докачат... - почна сега и Панде растревожено, за да не се расипе нешто од целата работа, која му се чинеше поубава и од најубав сон...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој мислеше на своите шест мали деца и на жената, што ги остави само со едно кило пченкарно брашно и малку плашици...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му одаде Павле достојно признание на палтото и ѝ кажа на жената да не го става в орман - отсега ќе го носи само покуќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој чекореше. Чекореше ненадејно грабнат и понесен негде далеку, каде што можеше да се стигне само со срцето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
До година бездруго... па што сакаш, секој ден само со него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Горда спиеше на другата страна од шаторот, покриена преку глава само со чаршаф и Грдан се зачуди колку ѝ е издаден колкот над телото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Геро го надигна бинлакот не со двете раце ами само со лактот од едната и не вкуси на јазикот туку подигна долга голтка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Празна, само со два штафелаја, еден тросед спроти нив и цреп со кактус „свекрвин јазик” во аголот меѓу ѕидот со прозорци и ѕидот со слики.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овде само со кучињата и со овците разговарам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оттука, не постои ултимативен превод, не постои ултимативна поема или новела, и секоја проценка може да биде дадена само со земање предвид на самиот процес на креирањето и на неговата функција во даден контекст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не знам како се негува двосмисленоста. Дали само со насмевка? Или со зачуденост?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Врапчето стоеше згушено сето и само со очињата мрдаше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Едни таму виделе жена, која била млада, угул гола и која се покривала само со косата, црна како капинка, други, пак, велат дека таму имало еден ливод, кој личел на светец, со брадулче, но телото му било долго, голо, обрастено само со мов, со опашка, дебело и без нозе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога седнаа да вечераат, во меаната се најдоа и некои џамбази, измешани хрстијани, Турци и Ѓупци, и почнаа да бијат шега, првин со сите потковичани а после само со него, со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Народот не можел да се идентификува само со едната вера.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Западниот човек – прифатив – задоволувајќи се само со одречување на постоењето на Бога, останува смирен, исполнет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во летните вечери, под Сина Скала, во потокот, некогаш одамна, упорно настојував и тоа не само со погледот туку и со прстите да им се приближам на звездите за да утврдам дали навистина се движат по дното или само ми се причинува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем што може тој да открие во онаа неподвижна темнина зад прозорецот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но иследник е премногу возрасен за да ги практикува ваквите игри.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За било кој друг уметник, ваквиот гест лесно би можеле да го пренебрегнеме, но како што знаеме, три години подоцна Дишан ќе почне со трансформација на обичните секојдневни предмети само со обично ставање на својот потпис на нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури ни неговото блиско пријателство не го објаснува мотивот на изборот и испишаната посвета на оваа необична играчка како подарок на својот пријател.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Служителот не се огласи. Тоа ме разбесни и јас затропав уште посилно, сега веќе само со нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но пишував само со рака, не со срце, оти Бог не беше во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Егото тој го победи, гордоста ја надмина, границите на своите погледи ги избриша, сега можеше сѐ да види јасно, затоа што гледаше не само со очите туку со духот, затоа што го достигна просветлувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топови со само сѐ на сѐ пет илјади топовски гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам дека „мојата” куќа, нека ја наречеме така, зашто навистина беше таква што тогаш и сега, ја чувствувам како своја, беше ниска, само со приземје, покриена со керамиди, опкружена со висока авлија и голем двор со многу разновидно цвеќе и тукушто расцутени трендафили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гемиџиите сметале дека ослободувањето на Македонија можело да се постигне само со шумни дела, со динамитни напади врз претпријатијата во кои бил вложен западен капитал, какви што биле банките, железниците и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Утринава зготвив телешка чорба,“ рече мајка кога го пречекоривме прагот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш одев таму за време на неговите работни часови, затоа што слободниот дел од денот го минуваше само со Марта Бернајс.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На еден од креветите во просторијата во која ме одведе брат ми, неподвижно лежеше млад човек, кого претходниот ден го извлекле од Дунав штом се фрлил во реката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Србомани“ се правеа тие само со заминувањето во Македонија како српски чиновници и органи на српската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И двете пропаганди се држат само со бугарски и српски пари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зашто само со такво сознание можеш да се спасиш од она што му се случило на Форест Гамп - да те лансираат во вселената заедно со жена - типична феминистка и женски мајмун-орангутан како необични примероци на човековиот род од планетата Земја.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Блажена беше ноќта во нејзините прегратки... посјајна од сонцето потивка од месечината потрепкава од ѕвездено небо Јас и Таа романтичен отсјај во машкоста нежност во нејзината женственост Ме погледна,со задимен поглед што подсеќа на љубовна романса без зборови,само со очи нејзиниот поглед кажува сѐ.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но Леонардо да Винчи, uomo univerzale од почетокот на Новиот век, тешко може да биде обвинет за површност и леснотија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едвај да постои уметник од тоа време чиешто влијание денес би било повеќе пресудно; во таа смисла - во смислата на една неисцрплива величина - можно е да се спореди само со Шекспир.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Па само со тепање вие можете да се пофалите во вашата фамилија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само со неа смислата на битисувањето имаше своја вредност. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Возбудата делуваше врз падот на шеќерот, избегнуваше да говори, а со Снеже се разбираа само со насмевка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само со оние неколку дрвја, што можеа да бидат догледани и што се чинеше дека постојано продолжуваат да се наведнуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја чувствуваше многу добро и во себе онаа исконска прибраност пред тој висок снег, што го покриваше сиот свет; беше притивнат како едно од сите оние дрвја околу неговата куќичка, продолжуваше да трае, живеејќи само со некоја срцевина, провлечена како црвена врвца по најскриената средина на своето тело и на своите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Општеше само со рацете, а својата работа ја засака како ниеднаш дотогаш. Тука го запозна и него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тие му помогнуваа не само со тоа што му ги вршеа најтешките работи, туку најповеќе со својот улетнат исплашен молк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срнчето многу често знаеше да потскокнува од задоволство по таа топла просторија, а Змејко везден ѝ се смееше на таа врашка игривост, живееше само со тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и тука, но беше и изгаснато во неговото паметување. Живееше само со оној ветер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сам, вкопан во снегот, само со тој снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од нив сега наеднаш беше исчезнато сѐ друго, беше еден судбински миг кога беа само со овој човек пред себе и тоа беше едно такво чувство, цело, како јаболко, а беше и некаква измореност, која израснува во задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој останува само со придушено дишење и со потисната свест за нешто што не смее да се случи, за нешто што треба да се постигне, но што сега, некако, отскокнува во недостижна далечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се служеше вечерата, само на едната половина од салата ѕвечкаа ножевите и виљушките, а на другата се јадеше само со раце, па немаше тропање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веќе тешко можеше да се контролира неговата алчност, спржуваше, правеше изгореници, палеше млади дрвца што квичеа под неговата жестина, ја поцрнуваше земјата над која како од шега поминуваше само со краток јазик, жежок, а смртоносен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама на некои луѓе едноставно така им е чкртнато, што се вели, само со „сељанки“ да се мешаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Добро, бре Витомире, му велам, може ли коњот да биде вол, само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господе, си мислам овој дол е сигурно проколнат да се одѕива само со гласови од мртви луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако патувал некогаш негде, заборавил. Само со едната нога бил на овој свет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според него, тој бил плашлив и недораснат да ги води запрегите и, освен Кукулино, познавал уште само неколку села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата ни е посна и песоклива. Не ќе има што да се меле. Камења камен не дробат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе работиме и за другите села, се замешал вториот; и тој бил Онисифор, само со поинакво второ име: го викале Мечкојад, му се тргале од пат, повеќе му се плашеле отколку што го сакале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само со врвот на прстот по грб го удира висок келнер.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Избегнување на злото и учење како да му се спротиставиме. Само со издигнување на божјото име и волја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Проклет да бидам, имало господ, во тоа темничиште и по тие скапани скали да се помине само со неколку полесни случаи - чело, нос, око, шината нога, о, тоа морало некој добар ангел тука по цела ноќ да бдеел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не ги послуша ударите под превивката, тие јасни опомени дека е еднорак и дека на Мирона вратот може да му се свитка само со ластерка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Една клупа, или полица, доволно широка само колку да се седне на неа, се протегаше наоколу покрај ѕидовите, пресечена само со вратата и, на спротивната страна од вратата, со една клозетска школка без дрвена штица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја држеше Џулија околу тенката половина лесно опфаќајќи ја само со една рака. Таа беше странично допрена до него од колкот до коленото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги гледав како постепено пропаѓаат, како цимолат, ползат, липаат - и на крајот тоа не беше со болка или со страв, туку само со трпение.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Против неа можеш да се бунтуваш само со тајна непослушност или, најмногу, со поединечни чинови на насилство, како на пример со нечие убиство, или со кревање во воздух на некој објект.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Децата, не постари од вас самите, мораа да работат по дванаесет часови дневно за безмилосните газди, кои ги камшикуваа ако работеа премногу бавно и ги хранеа само со бајати корки од леб и со вода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тајната можеа да ја пренесуваат само со зборови и од ум до ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во онаа мера во која сѐ уште се одвива, научното истражување се занимава само со овие прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таму само со мазга можат да се однесат материјали, вели. Нека биде и со мазга, реков јас. Добро, вели тој, заради Симона, инаку не се исплаќа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што овој Свет чека да го спаси Краси се само со својте пердуви Не биди фарисеј лесноверен Не гледаш?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Богуле беше левучар: се служеше само со левата рака; десната како да му беше здрвена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој ден се месат погачите со кои ќе се канат нункото, попот, деверите, старосватот и другите блиски роднини, а уште подалечните — само со карта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Коуку адно маж ва момата! си помислува Роса гледајќи ја Чана без очи без уста без лице туку само со рабовите на снагата што ги црта светлината од зад неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од другата страна на Вангела се размрда Родна, ама тоа го правеше така како да си е само со својот Петар во затворена одаја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само со тули куќа не се прави! И вар треба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И кога целата фабрика „Нонча Камишова“ би се преориентирала исклучиво на шиење пешкири, те триесет години само со тоа би се занимавала, пак со тие пешкири не би можеле да го покриеме ова песочно пространство.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Електричната греалка која имаше четри реда, грееше само со едниот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А пред наседнатата толпа, со подрасчекорени нозе во брич пантолони стоеја тројца офицери во униформи од сив офицерски габардин, само со револвери на појасите, нешто на луѓето им велеа или ги прашуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зашто уште до вечерта дознав дека Баџата уште вчерадента го затвориле, а мене, зошто на висока функција, прво ме сомлеа низ критики и самокритики, ме исклучија од партијата, ме сменија од функцијата и поминав само со една година физичка работа како градител на одморалиштето во Отешево, во Преспа...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нешто се случи. Не знам што, ама овде Германците Гала не ја гибнаа само што тој офицерот нејзин ѝ го отргнаа, сигурно на Источниот фронт го пуштија така што Гала тука остана само со срамот на образот...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш Игор Лозински му рече на Татко, а на тоа сега убаво се сеќаваше додека се ближеше кон крајот на истекот на реката, дека руската емиграција е нов феномен во универзалната историја на човештвото, што можеше да се спореди само со егзодусот на еврејската дијаспора.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Итар е Влаот, - рече Методија. - Паметиш како дојде во селото само со торбе в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оф јас сиромав само со умот што се богатеам, оти уште еднаш јас ќе било касмет да си одам, ами види го тоа широко море: до кај јас да се вратам уште еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Зошто? Вртеше само со главата, пребирајќи по слабините.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога ја заврши тирадата мене ми се обеси на вратот и им довикна на неканетите туѓинци во нивниот извештај да натокмат дека ваков акт на интимност не водела таа само со еден туку со двајца.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во животот би се нафатил само со една дејност што е надвор од моите политички и литерарни амбиции.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стрчни се, Јоне, па ако е тоа, доведи го ваму, лебати. Само со дикат ...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А не можеш со раката да им ја допреш сладоста. Само со очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Божем можело таквата тежина да се поднесе само со стегнување на усните, или пак да се совлада на тој начин што ќе се однесат на реката еден рид черги, па сиот бес ќе се истури преку пиралката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, не тврдам дека човекот управува со сите лоши постапки на пците и на мачките. И не само со нивните постапки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потсетувањето на настанот ја наполни со болка и набрзина ја забриша Пела и ја стави да спие, а таа се врати во бањата и долго стоеше под тушот полевајќи се само со студена вода!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сепак, културата се карактеризира не само со споделените вредности и консензуални обрасци на значење, туку и преку раздвојување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не стои само со тебе, до никаде не те покажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние сме голи, што се вели, уште само со летната партизанска облека на нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои се само со половина глава останати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Вие сте овдека да одговарате, ми вели, а не да прашувате. Само со „да“ и со „не“, ми вели. — Да, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седум тажни денови кои јас можев и морав да ги одработам само со иронија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Десетиот брак сакам да биде со брада, само со брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не го исполни ли ветувањето, другпат езерово ќе го поминеш само со орелски крилја.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не можејќи да го занемарат тој факт, Амбасадата во Атина сугерирала дека било многу тешко да се изврши "трансферот на македонските Словени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Следувал многу логичниот заклучок дека "односното население не е отсечено од неговите 'браќа' надвор од значителното грчко население во источна Македонија, туку обединето со него преку природниот пат низ битолскиот теснец и отсечено само со државната граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Читај, само со поголеми прекини за да можеме ние простите - припрости, неписмените, де, да ја сфатиме оваа длабока содржина на длабоки и продуховени мисли на нашите драги од селото Герман...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Командниот состав, борци очеличени во времето на италијанската и германската окупација, некои со завршени подофицерски школи, други само со основно или гимназиско образование, ги водеа своите одреди против полковници и генерали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така Петре ги презеде сите црковни работи: во старата црква, долу во гробиштата, тој ги читаше апостолите и тропарите, тој ја амкаше кадилницата со темјан, тој ги опеваше мртвите и ги крштеваше новородените, ама се знаеше оти поп не е, та затоа луѓето го почестија само со прекарот Петре Питропот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И сѐ правел само со нож, со секира, со скепар и едно две-три сврдлиња што ги донесол од Влашко, самоделски, на ковач правени.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се огледа наоколу да не би да го види некој и незабележано го помести каменот така да штицата сега се држеше само со еден крај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сега сум болен, ќе ми свари ли мајка ти млеко засирено со јако пиво или вино, и малку повеќе мирудии? Може и само со бибер. Виното го носам со себе“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги измамува луѓето...и само со поетите има допир силен ко најприсно сливање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)