само (прил.) - добар (прид.)

Пиратите не личеле на чавки и биле, несомнено, многу повеќе од само добри пријатели, а јас многу повеќе налик на обична девојка од приказните со среќен крај…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Можеше да е и вечер, полноќ, сеедно, за него беше само добро утро.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ете ти, треба само добар теориски приод и класификаторски систем, а сѐ друго ќе биде како што треба, си се подбивав јас, храбрејќи се пред хаосот на предметите во тие часови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некојси, а велат тоа бил Христос, се нафатил да го корне злото, лошото, болното, грдото, ама со добро и правејќи само добри дела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А не беа никаква роднина. Соседи. Само добри соседи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Значи, последниов не е неумесен во сегашните околности и може да ни даде само добри плодови, но не и да ни напакости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Да бидеме само добра мисла, - велеше Пискулиев, - видувачка пак има.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)