само (прил.) - затоа (прил.)

И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никогаш не го сакал толку длабоко како во тој момент и тоа не само затоа што ја прекина болката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Перодршката беше архаичен инструмент, ретко употребуван дури и за потписи, а тој ја набави кришум и со големи тешкотии, само затоа што чувствуваше дека убавата бела хартија заслужува да биде испишана со вистинско перце, наместо да биде исчкртана со хемиско пенкало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чувствуваше длабока привлеченост кон него не само затоа што беше заинтригиран од контрастот меѓу О'Брајановото урбано однесување и неговиот боречки изглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само затоа што повеќе го сакам позитивното од негативното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеш и млад слон да сместиш во оваа празнотија. „Колку можете да добиете утре за него?“ ги праша и сфати дека понекогаш и боговите клекнуваат пред упорноста на безначајните верници а можеа да бидат богови само затоа што ги сакаа необичностите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Само затоа што се обидувам да ти помогнам да го раскинеш превезот на бладањата. Само затоа, нели?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Изградив куќа во Долно Дупени само затоа за да бидам поблиску до Герман.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прашав само затоа што се плашев со моето непознавање на околината да не предизвикам некои непотребни тешкотии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Значи јас сум подбрканиот и секогаш сум во очекување на тој непознат настан кога и вистински нема да ме одмине многу спомнуваната горчлива чаша од Новиот завет и тоа само затоа зашто негде сум го спомнал мојот необичен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дождот ја замива земјата околу него, ја заметува крвта. Да не се знае што станало тука. Може само затоа врне дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)