само (прил.) - напред (прил.)

Сѐ на сѐ, одличен филм со феноменална костимографија, шминка, сценографија и што ти уште не. Само напред, г-ѓа Крафорд!186
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистина само напред оди, ама маките ни ги остава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја преброди кризата! Гледаше само напред.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зачудено го гледаше Камилски, кој со извишен глас продолжи: Декарт ги советуваше изгубените патници да не талкаат, час свртувајќи лево, час десно, без да запираат никаде, туку постојано да чекорат само во ист прав правец, напред, само напред без никаква промена да не ги принудат да го променат овој тек!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)