само (прил.) - неколку (прил.)

Може да се повика еднаш годишно, на 5 септември, и може да исполни само неколку пеколни желби.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За среќа, во таа ламба живее најглупавиот дух на светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Не е проблем... нема никаков проблем...ако мора, мора! – му одговори таа - Јас не чекав многу само неколку месеци. Сама изорав.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Најмалиот брат на татко ми секогаш доаѓаше со полн багажник играчки од Германија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Стигнува пред време, но само неколку минути.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не знае старецот дека ништо стварно не руши, дека сето ова е пуста борба, руши само неколку пусти илузии, а тие и сами од себе, нечујнонезнајно за никого, ќе си умреа, како и толку други што си умреле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Чесно е тоа, рече Аларах: колку погуста нива - толку побогата жетва...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Најт Таун се простираше под нас како куќичка за стаорци; од малите прозори продираше светлина од свеќа, со само неколку остри, светли квадрати осветлени од батериски и карбидни светилки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се намести до мене и ми ја прочита песната за убиениот крал напишана на руски, од кое јас запомнав само неколку зборови без да ја разберам содржината над која тој пролеа врел поток.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откако излегов од циркусот, сфатив дека светот на Луција, на Партијата, на училиштето, на семејството, на нацијата, на државата е обичен провинциски неуреден двор; светот без циркусот изгледаше беден, смешен, нецелосен; произведуваше дробни грижи со кои ги плашеше бедните мушички заробени во неговата мрежа; тие мушички мислеа дека светот достига до оградите на тој мал двор, а не гледаа дека зад него има уште, и уште, и уште; во циркусот, по само неколку волшебни часови престој, сфатив дека светот е огромен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш имаше само неколку бели куќи оградени со висока авлија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Врз покривот на караулата паѓаа тешките куршуми од авионските митралези и само неколку минути потоа почнаа да паѓаат бомби врз селата Трстеник и Капештица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Денот на погребот конечно дојде. Службата беше оддржана во катедралата свети Петар, една величествена црква сместена во највисокиот и најстар дел од градот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 219
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Два дена подоцна Борхес беше погребан на тоа место, кадешто сега почива.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија се двоумеше сѐ додека не го виде последното место, под едно прекрасно зрело дрво на тиса, која на француски се нарекува иф, и тоа само неколку метри од мошне скромниот гроб за кој се покажа дека е гроб на Жан Калвин.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дрвото, кое потсетуваше на славната песна на Киплинг (Борхес беше верен обожавател на Киплинг), близината на сенката на Калвин, и благиот мир на тоа катче ја донесоа одлуката наместо Марија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се селеле од еден стан во друг во еврејскиот кварт Леополдштат, и во секоја улица во која се вселувале им се раѓало по уште едно дете – Роза во Вајсгарберштрасе, Марие во Пилерсдорфгасе, јас во Пфефергасе, Паулина во Глокенгасе, Александар во Пацманитенгасе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Придодадени беа само неколку хотели, враснати во шумата – се сместивме во скромната, но чиста соба во еден од нив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во неколку долги чекори го помина бришаниот простор и навлезе во шумата над селото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му требаа само неколку мига да реши. Со некоја речиси натчовечка брзина почна да се искачува нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Седејќи на балконот Благица гледаше на местото пред нивната зграда, каде што минатата година имаше нишалки, вртешки и клацкалки, каде што така весело се поминуваа летните денови, а пак сега стоеја само неколку дрвени диреци.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
МЛАДИЧОТ: За жал, само еднаш. И само неколку часа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ниеден миг не ги пушти мислите напред, пред себе, постојано ги држеше по себе, крај себе, или само неколку чекори напред, но онака, како што се држи ловечкиот гонич врзан за синџирот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој прво се скочани, сосема тептисан, кога се најдоа лице в лице, а потоа на оној парталав створ му беа потребни само неколку мига за да ја спрашти во пепелници по трагата надолу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Погледнувам и јас кон пенџерето, се лажам. А таму само неколку лисја од лозницата се чулат ко уши од теле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не го сметал другиот Онисифор за достоен старешина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според него, тој бил плашлив и недораснат да ги води запрегите и, освен Кукулино, познавал уште само неколку села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тето, како да застанав на глог. По само неколку чекори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Особено интензивно почна да се дружи со една од асистентките на Перуниќ – Тамара Вилајетовиќ, Србинка со муслиманско потекло која беше само неколку години постара од Томето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Макар што имаше само неколку месеци како што беше ослободен од заложништвото на островот Малта, тогаш четириесетгодишниот Али Фети изгледаше свежо и енергично, со висока става, широко лице и не толку изразити мустаќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговиот мајчин македонски јазик, којшто беше службено кодифициран пред само неколку години, со утврдена азбука, граматика и правопис, но со богата орална и книжевна традиција, најден во океанот на словенските јазици, група во која припаѓа, сега требаше да се ослободува од натрапничките турцизми кои со векови се одржувале во јазикот, во еден вид јазично заедништво и со другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нејзиниот шепот извира од мене и само јас и ноќта можеме да ја измислеме прикаската на еден живот. Бремена или само неколку часови леунка?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беа оддалечени само неколу метри еден од друг кога левата страна од лицето на човекот ненадејно се искриви од некаков грч.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Нема којзнае што во неа. Само неколку предмети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа тоа само неколку зборови на охрабрување, од оној вид зборови што се изговараат во вревата на битката, поединечно нејасни, но кои ја враќаат довербата со самиот факт што се изговорени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доколку машината беше свесно употребувана за таа цел, гладот, аргатувањето, нечистотијата, неписменоста и болестите можеа Да бидат отстранети за само неколку генерации.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше само неколку чекори далеку од нив кога групата ненадејно се растури, а двајца од луѓето почнаа жестоко да се караат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон притисна на телекранот за „стари броеви“ и го побара соодветното издание на „Тајмс“, што се лизна од пневматската цевка по само неколку минути чекање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А во исто време имало мал број луѓе, само неколку илјади - ги нарекувале капиталисти - кои биле богати и моќни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак, само неколку години подоцна се случуваше истото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак, само за миг, каква само застрашувачка сила избиваше од оној викот на само неколку стотици грчеви !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„И какво фајде од тоа?“ „Немаше фајде, зашто го фрлив само неколку минути подоцна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во еден свет во кој секој би работел само неколку часа дневно, би имал доволно храна, би живеел во куќа со бања и со фрижидер, и би поседувал сопствен автомобил или дури и авион, најочигледниот и можеби најважниот вид на нееднаквост, би исчезнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го качија сандакот на тракторот и ставија на него само неколку од венците.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сета глава да ми е соголена. Само неколку влакна да ми штрчат на темето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
10 За САД, македонското прашање влегувало во рамките на т.н. балканизам. 11 Појавата на ВМРО и Врховниот македонски комитет во голем дел не го привлекла вниманието на дипломатите на САД, бидејќи само неколку службеници работеле на Балканот и тајната природа на движењето останало надвор од очите на Американците, кои биле фокусирани на економските работи, пред сѐ во пристаништата на Османлиската Империја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Стражарот во став мирно, на само неколку чекори од влезот, гледаше во небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)