само (прил.) - ако (сврз.)

Само ако те гибне мајка ти, ќе виде она како чичо ќе а натепа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Море, ќе те дера како јаре на стриг, само ако ми падниш некогаш“ — си помисли во умот Бојко, очигледно изненаден што набаса на потерата баш кога не требаше. И навистина лошо попадна Бојко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога сите овие работи ги растури онбашијата на тревата, и само со очи му ги покажа на Бојка, овој ги наведе очите и проговори: — Е, море, тоа е сега. — Но пак почна да се брани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само ако се заборави и писне посилно со трубата - тогаш тешко нему. Сите негодуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секако, ова крајно решение се користи само ако нормалната социјална и хемиска лоботомија не успеале да ѝ „помогнат“ на жртвата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само ако се спомнеше бебето, очите му се заматуваа со замаглен премаз, а на измачениот лик му се отсликуваше некоја длабока тага.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На пладне, како фурија со долга коса, се втурнува во дневната соба, гладна и уморена, ама не легнува да одмори, туку менува маица и пак низ врата, мојата ангеларија, со која можам да комуницирам само ако ја оставам на раат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како вчера да беше, позади зелената трафика кај „Работнички дом“, го пропуштав првиот, па вториот, третиот автобус, додека мајка ми дома на ходник со будилникот в рака ме чекаше броејќи ги минутите... од 21 часот па натаму, со истата реплика: „Само ако дознае татко ти, тешко тебе!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг [подзакуп] или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако поинаку не е договорено или во местото на предавањето на предметот вообичаено, закупнината се плаќа полугодишно кога предметот е даден под закуп за една или повеќе години, а ако е даден за покусо време, тогаш по истекот на тоа време (чл. 586, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
АМПО: Јас повеќе би сакал некој човек средна рака, ама кога е по адетот, нека биде и најсиромав, и најбогат, само ако наиде прв.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АМПО: Не, само прв! Како што рековме дома: само по адетот!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имав чувство дека ќе изедеа и нога од слон, само ако ја имаа пред себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не престануваме да одиме кон зимата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И она за каменот што секој човек си го носи околу вратот, тој вели е опасен само ако се најдеш во вода, тогаш те спушта на дното и не ти дава да дојдиш до површината за да загоуниш малку воздух, те држи, вели, долу, додека не ти ја разејне устата и да те напоуне су вода.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Едноставно, можеш да пукнеш од смеење! Само ако посакаш!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Има значи такви луѓе, не се ретки, што претеруваат со фалбите, па само ако најдат некоја жртва да ги слуша, ќе солат, ќе солат, та и ќе пресолат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А козите... ќе се спасат само ако летнат кон небото... Тие и без тоа ќе завршат во небото. Немаат друг пат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Значи, тргнете храбро и сослушајте ги првите упатства.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, драги Асенета или Аристине, љубовната напивка што овде се нуди ќе можете да ја искористите само ако поминете низ извесна иницијација, односно, ако успеете да се вброите меѓу јунаците на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајка го оправдуваше заминувањето, оддалечувањето од родната земја само ако тоа беше со Божјиот повик за да се сподели својата внатрешна болка и сопственото страдање со она на најсиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)