сега (прил.) - стане (гл.)

А нивите беа истите и требаше да се работат за да раѓаат уште повеќе пченица одошто во турско време, оти тогаш таа беше 55—60 гроша, половина лира килото, а сега стана осум па и десет лири, шеснаееет дваесет пати поскапа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да, тоа беше страв, закоренет длабоко во него, роден од нешто што било љубов некогаш, а што е сега станато тврда себичност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мотивите што во извесна мера веќе беа присутни во големите војни од почетокот на дваесеттиот век, сега станаа доминантни и свесно се признаваат и според нив се постапува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таму на паузи и навечер на пијачки доаѓаа сите политичари и многу естрадни фаци. Јас сега станав свесна за тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега станавме една мала работна задруга. Луѓето ги сместив во старите простории во долниот дел од куќата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бучавата за којашто дури сега стана свесен го потсети дека синоќа, кога си легна и се затаи да заспие, ја чу истата оваа необична бучава и ја слушаше сѐ додека не се сети дека таа доаѓа од реката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Знаеш ли дека сега стана и кодош, Сафет- ефенди?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега стана јасно дека злосторот не му давал мир, дотолку што, изгледа, Партијата, интерно, му ставила забелешка што не ја дочекал веќе испратената наредба одозгора во врска со масовните стрелања.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А сега стани со светлина во очите, раздувај ги црните сеништа што буричкаат во твојата душа, отвори се за твоето чедо и за сите други!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа го помислив и она утро, кога влезе овде во одајава и без некој нешто да го праша едноставно објави дека оној Голем Тодор, за кого ништо не се знаеше со години, се вратил; дека сега станал и ѕвездочатец.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Што седна, вели Јон, сега станавме од седењето. - Не знам што ми е , му велам, не можам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)