сега (прил.) - што (прил.)

А колку за нарачувања, таа ништо не нарача. И, кога тој праша: „кажувајте жени, сега шо да донеса“, таа остави на Митра и на неговата чест.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, Сефедин ја виде ѓаурската клетва и беса? Ја сега што правиме?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да правиме абер и да бараме помош уште некој табур аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Заповед имам добиено од Бога, зашто посвето од ова сега што го правам нема, ниту ќе има на веков...!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова е свет на халуцинација, Знаци, CIA И... И? Сега што? Како ли тие толку мали човечуљчиња- патуљчиња да ја протолкуваат оваа, од животна важност, порака?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Величетврток, мајко, на арно да ни е, ближи Велигден. Кажи ми сега што да ти помогнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тој не може да ги убеди ниту Вислицени, ниту Мертен или Брунер да не го пренесуваат него и неговото семејство во гетото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пак залудно. Германците го одбиваат неговиот официјален предлогот, солунските Евреи да бидат интернирани на некој од грчките острови под надлежност и одговорност на самите грчки власти...  И сега што?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пфу! - Сега што правиме, а? - праша високиот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ајде, другари, ако сакате денски да стигнеме во Елбасан, потурнете. Сигурно ќе запали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ване нареди што имаше да нареди во него, па се испружи на креветот Сега што?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не знам сега што да направам. Ја држам така за прстите, се држиме двајцата за чепот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Останавме. Сега што да правиме? Не се седи така, ко фатен во рацете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега што да правиме? Ќе одиме да ја прашаме Маса Ќулумоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)