сега (прил.) - дека (сврз.)

Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но видов, видов сега дека згрешив. Не требаше, не требаше, учителе, - и заплака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А замисли сега дека некои други десет зографи прават умножение на сликите за огнот на првите десет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нека рече некој сега дека сум никој и ништо!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Е, речете сега дека тоа Зоки Поки не го умееше!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Криво му е сега дека сомнението му ги загорчи најубавите мигови што можеше да ги преживее.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)