сеедно (прил.) - што (прил.)

Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ним доктор Гете им објаснуваше дека одењето в град лошо би влијаело на нивното психичко здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дури и да успееше да ја разбуди Кетрин, да можеше да го постигне тоа, тоа ќе беше нешто како заведување, сеедно што му беше жена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)