секако (прил.) - да (сврз.)

Најпосле, кога некој некого не познава, може секако да си го замисли, ќе речете. Така си е.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ѝ велам да го бара секаде, и по секако да го побара и да му каже дека Чако по цела ноќ завива за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добро, можеш секако да речеш, ти. Немам ништо да ти одговорам на тоа, освен дека ќе се обидеме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Дојдени сме на овој поетски собир по наредба на Јасер Арафат! - ми рече Махмуд Дарвиш! Во мигот немав одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеше секако да се разбере Махмуд Дарвиш, поетот кој постојано тврдеше дека не сакаше да биде разбран само како поет на палестинската кауза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Сакам по секако да го фатам, да го добавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)