секогаш (прил.) - затворен (прид.)

Мојот татко никогаш не го доживеа враќањето од егзил во својата родна земја, таа за него остана секогаш затворена.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
О Реко што остануваш Реко што си одиш секогаш затворена во прстенот на времето го виде ли Старецот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А дека црвецот на великогрцизмот сите нас се уште не јаде, ние сме виновни што не умееме да го гледаме светот со отворени очи и сакаме да бидеме секогаш затворени во венците на славата што ја влечеме од старите Грци...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И врати секогаш затворени. Врати без клучеви и брави.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)