секогаш (прил.) - најдобар (прид.)

Загледувајќи му се во расклештеното лице, на Ване му требаше извесен напор да распрета малку по своето кратко и сиромашно минато за да дојде до тумбестата полјанка меѓу двете маала каде што кошкаа парталава топка на два гола, а во притивничката екипа секогаш најдобар беше еден штрклест левучар, кој колку што забиваше голови уште почесто го забиваше палецот од ногата во тврдиот терен, па по секоја победа си го носеше раскрвавен дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го советував него а всушност себеси се прекорував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков и нешто многу слично на следниве примери: многупати се имав упатувано каде треба да заноќам, а втасував таму од кадешто потоа не знаев како да се вратам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И не мора да значи дека „културата“ е секогаш најдобриот начин да се долови посебноста на активностите, ставовите, чувствата, реакциите, однесувањата и интеракциите што се обидувам да ги опишам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби и затоа му реков на Иван, божем со намера да му помогнам при неговото навлегување во светот на возрасните, дека непромисленоста не е секогаш најдобар сопатник, дека таа обично нѐ доведува во непланирани ситуации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)