секогаш (прил.) - првин (прил.)

Чанга, кога сакаше да рече нешто значајно за козите, секогаш првин со занес ќе ја погледнеше сликата на козата што дои лавче.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но ти знаеш какви се, вели Васил, секогаш првин пуштаат еден сам и од една страна, за да ги залажат луѓето, а потоа сите други зедно напаѓаат од друга страна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напред, по крстовите, како што си го знеме редот, ќе одат мажите, по нив жените, па децата. Секогаш првин постарите па помалите...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)